Драмата продолжува: „Некој да и пуштал „бакнежи“ на твојата сопруга кога беше пратеничка, ок ќе беше?“

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, му се нафрлија на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ за однесувањето кон пратеничката Дафина Стојановска, која кажа дека и праќал бакнежи од собраниските клупи додека зборувала.

„Ова дно од Министер, денес упатуваше бакнежи од место кон моја колешка Дафина Стојаноска, додека истата зборуваше на собраниска говорница.

И не е прв пат да дофрлуваат, примитивно и без срам луѓево кои ќе не носеле во Европа, а всушност се НЕИЗЖИВЕАНИ! Недостоен е да биде Министер!!!

Очекувам да има реакција и од пратеничките на СДС , Премиерот, од Славица Грковска, невладините….

Прашање до Маричич: некој да и пуштал “бакнежи” на твојата сопруга додека била пратеничка, и додека зборувала на говорница, ок ќе беше???“, напиша Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

Се приклучи и Антонио Милошоски.

„Она кога си неизживеан вицепремиер, умислен мачомен и без срам провоцираш жена, сопруга и пратеничка со недоличен сексизам!“, напиша тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде