Законот за работни односи предвидува право на регрес за годишен одмор за сите вработени лица кои имаат остварено најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај работодавачот во тековната година, без разлика дали вработениот е пријавен во компанијата на неопределено или определено време.
Регресот за годишен одмор е поврзан со правото на користење на годишен одмор на работникот.
Доколку работникот е пријавен на пола работно време (20 часа неделно), му следуваат најмалку 10 работни дена годиешн одмор (член 48, став 4 од Законот за работни односи) и исплата на половина износ од утврдениот регрес.
Во случај кога работникот е пријавен на цело работно време (40 часа неделно), му следуваат најмалку 20 работни дена гоидшен одмор, односно најмногу 26 работни дена (член 137, став 1 и став 2) и исплата на целиот износ за регрес.
Регресот за годишен одмор се исплаќа до крајот на работната година (31.12), а неговиот минимален износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од просечната нето плата по вработен исплатена во последните три месеци.
За работодавците кои нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.
Прилепска Пиварница е основана во 1924 година, и од тогаш па сé до денес, континуирано инвестира во производниот процес и постојано го подобрува квалитетот на своите производи. Истовремено, водени од желбата за достигнување на високи стандарди на квалитет, компанијата постојано работи на воведување на новитети и проширување на своето портфолио.
Она што претставува заштитен знак на Прилепска Пиварница е високо квалитетно пиво, почнувајќи од Златен Даб и Крали Марко, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па се до Tuborg и Carlsberg, кои се едни од најквалитетните светски пива, а нивен единствен овластен дистрибутер е Прилепска Пиварница.
Прилепска Пиварница произведува и освежителен газиран безалкохолен пијалак Газоза. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, Прилепска Пиварница ги полни пијалаците на Pepsi Cola International:
Pepsi, Pepsi Lime, Pepsi Max, 7UP, Mirinda Lemon и Mirinda Orange.
Просечната плата во Прилепска Пиварница е зголемена за 28 % во последните 20 месеци. Во 2023 година на вработените на име регрес за годишен одмор и додаток за деловна успешност на компанијата им беше исплатен вкупен износ од 40 000 денари.