Жестоко во Собрание: Бакнежи и намигнувања праќај си дома, лигав еден – Дафина Стојаноска му се нафрли на Бојан Маричиќ

Голема кавга попладнево избувна во Собранието за време на седницата за пратенички прашања, а главна актерка во кавгата беше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска,

која го обвини вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ дека ѝ испраќал бакнежи и ѝ намигнувал зад грб.

Таа влезе во кавга и со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска за која рече дека наместо да даде одговор на прашањата, таа држела партиски говор.

– Јас не знам како не ви е срам. Бакнежи и намигнувања само по дома да си праќаш, лигав еден. На што личи ваквото несоодветно однесување на вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ?!

И моите колеги многу добро видоа што правеше Маричиќ. Мојот колега Никола Мицевски неодамна беше обвинет дека нападнал пратеничка, а што беше сега ова што го стори вицепремиерот? – рече Стојаноска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде