НОВ РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ – Еве колку денари плус ќе легнат на сметките на пензионерите од 1 октомври!

Очекуваме наскоро да има конкретни предлози од работната група и тие ќе бидат проследени до владата, изјави министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска за време на посетата во Битола, а во врска со барањето на пензионерите за повисоки пензии.

Работната група формирана од Владата редовно заседава, рече Тренчевска, се разговара за сите предлози од Сојузот на пензионери, граѓани пензионери членови на иницијативниот одбор што протестира и Партијатa на пензионерите кои доставија барања до Министерството за труд и социјална политика.

– Сите барања се разгледуваат едно по едно, а кога има потреба повикуваме претставници од Министерство за здравство и од Фондот за здравство затоа што дел од барањата се поврзани со олеснување во делот на здравствената заштита на пензионерите.

Очекуваме наскоро да има конкретни предлози од работната група и тие ќе бидат проследени до владата. Во овој момент има голем број на барања кои не се само од аспект на зголемување на пензиите, туку и во делот на здравството и други услуги кои ги сакаат пензионерите.

Пензионерите за се навреме ќе бидат информирани – изјави Тренчевска.

Сакаме да покажеме дека ќе постапуваме и порадикално, патиштата овде во Свети Николе ќе ги блокираме од утре со земјоделската механизација, рекоа пензионерите.

Пензионерите на 1 октомври ќе добијат усогласена септемвриска пензија, зголемена за 6,8%, пради растот на трошоците за живот и на просечната плата.

Тоа значи дека оние со најниски пензии, кои во моментов изнесуваат 11.897 денари, ќе добијат дополнителни 810 денари, додека, пак, 75 приматели на највисока пензија (69.803 денари) ќе се израдуваат на плус 4.750 денари.

Од вкупно 336.806 пензионери, кои се евидентирани во ПИОМ заклучно со август, 97.033 примаат пензии до 13.300 денари, 66.454 пензионери имаат пензиски примања до 16.000 денари, а 86.719 – до 22.000 денари.

Износи над 22.000 денари добиваат 92.600 пензионери и во оваа група се највисоките пензии, кои се од 48.304 до 69.803 денари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде