Повторно ужива во љубовта: Тамара сподели фотографија со новиот партнер

По разделбата од нејзиниот долгогодишен партнер Александар Димитровски – Мачка, македонската пејачка Тамара Тодевска повторно ужива во љубовта.

Во разговор за „Женски магазин“, пејачката сподели дека дала шанса на нова личност во нејзиниот живот.

„Секогаш давам шанса на љубовта. Колку и да звучи клише, без љубов не можеме. И тука мислам на љубов кон семејство, работа, пријатели, како и на љубов кон партнер, секако.

Нема правила. Љубовта не е мојот календар на планирани концерти и свирки, па да можам да ја адаптирам кон истите. Таа се случува. Без да прашам, без да планирам.

Затоа е убава и вредна“, изјави таа за „Женски магазин“.Иако не откри за кого станува збор, според објавите на нејзини профили на социјалните медиуми, може да се заклучи дека станува збор за Лука Радовиќ, архитект и дизајнер од Скопје.

Пејачката вчера објави нова фотографија со нејзиниот избраник, на која го бакнува во образ, а на инстаграм-сторијата ја додаде и песната „Kiss of Life“ од британската пејачка Шаде.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде