По разделбата од нејзиниот долгогодишен партнер Александар Димитровски – Мачка, македонската пејачка Тамара Тодевска повторно ужива во љубовта.
Во разговор за „Женски магазин“, пејачката сподели дека дала шанса на нова личност во нејзиниот живот.
Нема правила. Љубовта не е мојот календар на планирани концерти и свирки, па да можам да ја адаптирам кон истите. Таа се случува. Без да прашам, без да планирам.
Затоа е убава и вредна“, изјави таа за „Женски магазин“.Иако не откри за кого станува збор, според објавите на нејзини профили на социјалните медиуми, може да се заклучи дека станува збор за Лука Радовиќ, архитект и дизајнер од Скопје.
Пејачката вчера објави нова фотографија со нејзиниот избраник, на која го бакнува во образ, а на инстаграм-сторијата ја додаде и песната „Kiss of Life“ од британската пејачка Шаде.