„Стакло леташе на сите страни, беше ужасно“: Автомобил се заби во автобуска постојка и покоси жена во центарот на Белград

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на Трг Република во центарот на Белград кога автомобил налетал на постојка на јавниот превоз.

Како што дознава „Блиц“, околу 21 часот и 50 минути автомобил „пунто“ управуван од Андреј М.(19) излетал од патот и удрил во постојката за јавен превоз.

Повредена е Снежана Б.(52) која била на автобуската постојка. Свесна и комуникативна била пренесена во Ургентниот центар.

Според очевидци, глетката била страшна.

Беше страшно. Слушнав како се скрши стакло и леташе на сите страни. Сите бевме исплашени – изјави за репортерот на „Блиц“ преплашена жена која во моментот на несреќата го чекала автобусот на автобуската постојка.

Полицијата изврши увид, а повеќе детали се најавени за денеска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде