ВОНРЕДНА ВЕСТ: Утрово голема акција на косовската полиција – опколени се објекти

Косовската полиција потврди дека денеска по наредба на судот спроведува акција на пет локации во три општини на северот на Косово во врска со вооружениот конфликт што во неделата се случи во Бањска.

Полициската акција ја продолжуваат надлежните единици на косовската полиција со присуство на обвинител на лице место“, се наведува во соопштението.

Тие прецизираат дека граѓаните немаат причина за загриженост, додавајќи дека акцијата се спроведува во координација со ЕУлекс и Кфор.

Да потсетиме, пред зградата во која живееше потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ во северниот дел на Косовска Митровица, се наоѓаат неколку косовски специјалци.

Тој беше поврзан со вооружениот конфликт во Бањска во кој беше убиен еден косовски полицаец, и најмалку тројца Срби.

Приштина тогаш објави видео на кое наводно е присутен Радоичиќ, во униформа, заедно со други вооружени лица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде