Сообраќајна несреќа се случи доцна синоќа, односно по 00 00 часот, објави Радио Кочани.
Од засега непознати причини, патничко моторно возило марка ,,Волво” излетало од коловозот во близина на бензинската пумпа Лукоил на влезот во Кочани.
Во моментот на местото на настанот увид врши екипа од ОВР Кочани.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денешниот ден, објавија од Радио Кочани.