Српскиот фолкер Аца Лукас денеска доживеа сообраќајна несреќа, а автомобилот му е уништен, јави Блиц.рс.
Тој денеска слетал на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, а кога заедно со возачот се упатиле кон градот, друг автомобил со голема брзина удрил во возилото на пејачката.
Лукас бил на совозачкото седиште и не е повреден, а неговиот автомобил „мерцедес“ е уништен.
На интернет се појави видео на кое се гледа возилото на Аце Лукас е целосно истуркано од патот.
Неговиот ПР тим ја потврди незгодата и рече дека со него во автомобилот била и ќерка му Викторија, која не е повредена.