Не успеа да ја добие најважната битка…Почина млад спортист

Голема тага во светот на спортот, особено Балканот тагува по големата ѕвезда.

По долго и тешко боледување почина кревачот на тегови и повеќекратен национален шампион на Босна и Херцеговина.

Нермин Зечиќ (27) од градот Коњиќ две години се борел со тешка болест, но за жал не преживеал.

Веста за неговото заминување во јавноста ја соопшти неговиот клуб Неретва.

– Со тага во срцето ги известуваме сите пријатели на КК Неретва дека нашиот најдобар натпреварувач Нермин Зечиќ почина по битка со тешка болест – соопштија од клубот со времето и местото на погребот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде