Погребан ИГОР МИЛЕНКОВИЌ Голема поворка кај Лепосавиќ го испрати убиениот Србин: Колегите од Итната помош направија посебен гест

Голем број сограѓани и колеги денеска на вечно почивалиште го испратија Игор Миленковиќ од Лепосавиќ, кој беше убиен минатата недела во Бањска.

На почетокот на поворката беа неговите деца и неговата сопруга. Миленковиќ зад себе остави три деца и сопруга.

Поворката ја следеше километарска колона возила, а од Здравствениот дом каде Миленковиќ беше вработен како возач на Брза помош, на поворката се приклучи и колона од амбулантни возила.

Колегите вклучија ротирачки светла за да му оддадат почит на Миленковиќ.

На градските гробишта во Лепосавиќ денеска ќе биде погребан и Бојан Мијаиловиќ.

Во Врњачка Бања денеска беше погребан Стефан Недељковиќ, родум од Звечани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде