Политичка „бомба“: Најавена првата кандидатура за претседател на Македонија

Наредниот месец Ване Цветанов, поранешен претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата се враќа во Македонија, откако во ноември лани замина во Германија, каде бараше азил, објави Фокус.

Сега, за ,,Фокус” вели дека ја прекинал постапката за азил, а по процедурата која траела околу еден месец, и откако ќе му бил вратен пасошот, тој си доаѓал дома.

Причината за неговото заминување беше тоа што се товареше за злоупотреба на службената положба и овластување, со што го оштетил државниот буџет за 75.000 евра, а како што во претходно интервју појсани за ,,Фокус”, заминал во Германија за да бара азил, бидејќи сфатил дека може да се соочи со над осум години затворска казна.

Сега, со измените во Кривичниот законик тој вели дека нема опасност од притвор, па се враќал во Македонија, за да го стави на располагање на државата искуството кое го имал со двете најголеми политички партии.

-Планирам да влезам во политика како заштитник на бугарското малцинство во Македонија, и како борец против организираниот криминал во којшто плива државата!

Имам многу што да кажам на темата. Понатаму, во иднина, планирам да најавам кандидатура за претседател на држава на изборите – појаснува Цветанов.

Целиот текст на ФОКУС прочитајте го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде