Вчера кај Олов беше пронајдено тело за кое постои сомневање дека е исчезнатиот Х.Ф. од селото Чуништа.
Како што дознава порталот Аваза, телото го забележал овчар.
Српскаинфо пренесува дека на терен се истражителите на ФУП, како и директорот на ФУП Вахидин Муњиќ.
Полицијата истражува дали се работи за убиство.
Телото е пронајдено обезглавено и без раце, а според облеката се сомнева дека се работи за Х.Ф..