Се појави видео од терористичкиот напад во Анкара

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека полицајците кои беа ранети во нападот во Анкара не се во животна опасност.

Ројтерс објави видео од локалните камери на кое се гледа моментот кога бомбаш-самоубиец влегол во Генералниот директорат на полицијата во Анкара.

Двајца напаѓачи, кои со мало возило дошле пред влезот на Генералната дирекција на полицијата во Анкара, утринава во 9:30 часот по локално време извршиле бомбашки напад.

Еден од напаѓачите се разнел, а другиот е неутрализиран.

При пукањето на отворено, двајца турски полицајци биле полесно ранети.

Обвинителството во Анкара покрена истрага за нападот кој е означен како терористички напад.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде