Терористички напад се случи денеска во Анкара, кога бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа во близина на зградата на полицијата.
Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека „еден терорист се разнел, а другиот е неутрализиран“ во терористичкиот напад врз седиштето на турската национална полиција во главниот град Анкара.
Јерликаја во објава на социјалните мрежи наведува дека „терористи“ со лесно комерцијално возило се приближиле до влезот на зградата и дека еден од нив се разнел.
Тој додаде дека другиот бил „неутрализиран“ во престрелката со полицијата која следела, во која полесно биле ранети и двајца полицајци.