Вознемирувачко ВИДЕО од Косово: Снајперист застрела еден Србин, останатите не се обидоа да му помогнат

На социјалните мрежи се појави необјавена снимка од нападот во Бањка, каде може да се види како течело бегството односно повлекувањето на вооружените напаѓачи кон шумата.

На видеото се гледа како четворица Срби сакаат да побегнат кон шумата, при што еден е погоден од куршум.

Тој паѓа и тешко се обидува да се движи, додека другите поминуваат крај него.

Она што го коментира и самиот профил што го објавил видеото е како додека еден е погоден, другите воопшто не се обидуваат да му помогнат.

Пред точно седум дена се случи напад од повеќе вооружени Срби врз косовската полиција, каде загина еден косовски полицаец, а еден беше повреден.

Потоа веднаш одговорија од косовска страна, при што беа убиени најмалку 3 напаѓачи. Повеќемина беа и повредени, а некои од нив се наоѓаат во болниците во Србија.

Одговорноста за нападот ја презема Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на Српската листа од Косово.Тој во моментот е во Србија, каде дал исказ во Министерството за внатрешни работи на Србија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде