ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 18-годишно момче загина откако излетало со автомобил и удрило во бетонски столб

Момче на 18 години загина синоќа во на патарината во Гостивар.

СВР Тетово информира дека четириесетина минути по полноќ било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово,

на наплатната станица Гостивар, патничко моторно возило „сеат ибица“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 18-годишниот Е.З. од гостиварско Чегране излетало од коловоз и удрило во бетонски столб.

„Во несреќата, Е.З. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ каде бил пренесен за укажување на лекарска помош,

а на пат за Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје им подлегнал на повредите.“, стои во полициската информација.

На местото на несреќата јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи извршиле комплетен увид. По наредба на јавниот обвинител ќе се врши обудкција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде