Силен земјотрес го стресе Балканот

Околу 10:30 часот силен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на седум километри од Груд во Босна и Херцеговина.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот бил со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала на длабочина од осум километри.

Земјотресот е регистриран на седум километри од Груд и на 39 километри од Мостар. Се почуствувал и во Далмација.

Според сведоштвата на граѓани, земјотресот бил силен и траел 10-15 секунди, пренесува Klix.ba.

Засега нема информации за повредени лица или материјална штета.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде