Слободен печат објави нов скандал во Онкологија: На пациентка ѝ нашле „Фезго“ дури откако таа ѝ се јавила на обвинителката

Клиниката за радиотерапија и онкологија, утринава повторно ја тресе класичниот скандал со немање лекови од кои што им зависи животот на пациентите.

Елизабета Ристовска, која е една од трите претставнички на пациентите кои што имаат увид во предистрагата на Клиниката за онкологија, дошла да ја прими терапијата „Фезго“, што е скапа терапија и чини неколку илјади евра.

После час и половина чекање, ја информирале дека „терапија снемало“.

Таа веднаш ѝ се јавила на обвинителката во ЈО Скопје задолжена за предистрагата која се води за оваа клиника после што наративот на медицинскиот персонал експресно се променил и ѝ кажале дека „има уште едно Фезго“ и може да го прими. Но, таа одбила. Не се знае за кого терапијата била чувана.

-Утринава кога дојдов, првично бев известена дека има „Фезго“. Чекав, но за некое време ме известија дека „Фезго“ завршило. Тоа значи дека залудно чекав неколку часа.

Истото се случи и во петокот и во деновите претходно. Гласно и бурно изреагирав во ходникот. Кога се вратив да препрашам, го сменија наративот дека „има едно Фезго ама не знаеме дали е дадено“. Тука се буди тој сомнеж.

Имало едно, што значи дека е чувано за некој што ќе дојде специјално да го прими. Ако имало едно немаше да биде кажано јавно дека завршило „Фезго“. Ако нема за сите, нема за никој. Не може да има едно.

Еве и да има едно, зошто да го примам јас. Ниту сум привилегирана, ниту сум единствениот пациент на Онкологија. Заедно со мене сигурно чекаат повеќе жени кои на 21 ден треба да ја примаат оваа терапија, изјави Ристовска за „Слободен печат“. 

Целиот текст и видеото можете да го погледнете ТУКА

Извор: Слободен печат

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде