УХМР со вонредна прогноза: Локални врнежи од дожд – еве кога

УХМР информира дека продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра, но во четврток и петок,

во попладневните часови, како што најавува, ќе има локално зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.

Утре, според УХМР, утрото ќе биде свежо, а преку ден ќе се задржи сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 27 степени

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде