Стојанче Ангелов на фејсбук објави видео како бркаат мечки низ селото.
„Вечерва низ тесните улички на с. Жировница…
Проблемите и опасностите секогаш изгледаат поедноставно кога се гледаат од безбедна далечина на ТВ, лаптоп или мобилен телефон.“, напиша Ангелов на Фејсбук.
Инаку, на денешната седница Владата донесе одлуки насоки и препораки во однос на проблемот со мечките кои се појавија во населени делови во Западна Македонија.
„Во најкраток временски период да бидат отстранети сите помали и поголеми ѓубришта коишто се во непосредна близина на населените места или во самите населени места, коишто претставуваат извор на привлекување на мечката.
За таа цел, локалната самоуправа, во соработка со јавната установа Национален парк Маврово, согласно нивните надлежности, треба да пристапат кон решавање на прашањето, со цел навремено чистење на сметот (дивите депонии) од сите населени места, како и од локалните патишта“, се наведува во соопштението од македонската Влада.