Хоџа: Од судирот Груевски-Мицкоски ќе се роди европско ВМРО и група нивни пратеници ќе гласаат за промена на Уставот пред промената на мандатот!

„Претседателот на новата албанска партија Европска демократска партија Аријанит Хоџа кажа во емисијата ‘Клик плус’ на ТВ21 дека судирите меѓу Мицкоски и Груевски се нешто позитивно.

Затоа што, според него, може да се роди ново ВМРО, каде што група пратеници од оваа политичка сила, пред истекот на мандатот, може да гласаат за уставните измени.“ – објави ТВ 21.

ТВ 21 ја цитира изјавата на Хоџа во овој контекст: 

„На судирот меѓу Мицкоски и Груевски го гледам како на едно ново европско ВМРО, кое можеби нема да биде задоволно од овие две партии пред истекот на мандатот и група пратеници може да кажат ‘не можеме да ја држиме во заложништво државата и иднината на младите луѓе, поради судирот меѓу нив’.

Од политичкото искуство гледам дека ова можат да бидат последиците од судирот меѓу Груевски и Мицковски.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде