Лице на возраст од 18 години загина, а 23 годишно друго лице е повредено во тешка сообраќајка доцна синоќа во 21 часот и 30 минути на патот Пирок-Тетово кај Долно Палчиште.
Вчеравечер на регионалниот пат Пирок-Тетово, во тетовско Долно Палчиште, патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки кое,
според првичните сознанија од увидот го управувал 18-годишниот М.З. од тетовско Синичане, излетало од коловоз и удрило во столб.
Во несреќата, М.З се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место,
а сопатникот А.З.(23) од истото село со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, се вели во информацијата на МВР.