Вечерва голема автобуска трагедија: Повеќе од 20 луѓе загинаа, а десетици се повредени откако автобус падна од надвозник во Венеција

Повеќе од 20 луѓе загинаа, а десетици се повредени откако автобус падна од надвозник и слета на железничка линија во близина на Венеција.

Досега две тела се извлечени од урнатините по страшната несреќа во Местре во близина на италијанскиот град Венеција.

– Огромна трагедија вечерва ја снајде нашата заедница. Веднаш прогласив град на жалост во спомен на многуте жртви кои беа во паднатиот автобус.

Апокалиптична сцена. Немам зборови – изјави градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруниаро.

По трагедијата беше прекината железничката линија меѓу Местре и Венеција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде