„Очекував дека за тој случај ќе има прецизен одговор кој, кога и зошто прислушкувал. Досега нема таков одговор и за државата тоа не е добро“, вели поранешната министерка за внатрешни работи.
Прашана која е нејзината одговорност во случајот со масовното прислушување, ексминистерката за внатрешни одговара:
„Таа (УБК, н.з.) уживаше висок степен на автономија, но не бегам од тоа дека министерот за внатрешни работи има политичка одговорнсот – поднесов оставка и ме разрешија и мојот мандат престана.
Но, технички гледано, многу е тешко некој што не е инволвиран во прислушувањето, да знае дека такво нешто се случува
“Јасно се гледа дека прислушкувањето не се случило во жолти комбиња, туку во Управата за безбедност и контраразузнавање, но она што останува нејасно е како точно се одвивало тоа и кој сè бил инволвиран, вели поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, која е една од обвинетите во предметот „Таргет-Тврдина“.
„Кој и зошто го спроведувал прислушувањето, до крај одговор сè уште не е даден и не верувам дека ќе проилзезе во судската постапка на начин на коj е поставено обвинението.
Очекував дека за тој случај ќе има прецизен одговор кој, кога и зошто прислушкувал. Досега нема одговор и за државата тоа не е добро, бидејќи еден таков нерасчистен случај или погрешно поставен случај, од не знам кои причини, остава простор за поанатмошни злоупотреби“,вели Јанкулоска.