Драматично растат минусите на сметките: Македонскиот народ на банките по основ на минуси на тековна им должел вкупно 115 милиони евра

Граѓаните се повеќе посегнуваат по минусите во банка, како начин на преживување во овие тешки времиња на високи цени, но и не толку високи плати за најголем дел од граѓанството.

Најновите податоци на Народна банка на Македонија говорат дека дека во август сме имале драматичен месечен раст на негативните салда на тековните сметки за дури 13 проценти, односно за тој процент се зголемиле во август во однос на јули, додека, пак, на годишна основа растот е 7 проценти, односно споредба направена на август годинава со истиот месец лани.

Изразено во апсолутни бројки, пак, тоа говори дека само во август граѓаните наталожиле нов голем долг од дури 13,3 милиони евра во однос на еден месец претходно.

Или, на крајот на август, македонскиот народ на банките по основ на минуси на тековна им должел вкупно 115 милиони евра.

Она што треба да се спомене дека минусите на тековните одамна немале ваков висок раст, а еден период дури и имаа и тренд на своевидна стагнација.

Зошто во август решиле да влезат во толку висок минус и да ја користат оваа услуга која на банките им носи екстра високи камати, одговорот е многу едноставен, а тоа се екстремно високите цени во земјава, особено на основните животни намирници.

Граѓаните се жалат дека не можат ни да се прехранат со овие цени, а особено оние со пониски примања, што секако дека ги принудило да посегнат по скапите минуси на тековните сметки.

Токму и тоа беше причина што неодамна Владата донесе одлуки за замрзнување на цените на одреден број производи, и враќање на нивно претходно ниво, пред се оние кои влегуваат во рангот на неопходни животни потреби.

А, банкарските минуси, колку и да им помагаат на граѓаните да го преебродат месецот, толку се и екстремно скап начин на задолжување, или, практично, тие се најскапи заедно се кредитните картички.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Извор: Фактор

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде