Грчева не одговари дали синот е бугарски политичар: „Ако ме сретнат во живо ќе знам како да се справам со нив“ 

Експратеничката и сегашна претседателка на „Глас за Македонија“, Солза Грчева не одговара на прашањата од кога нејзиниот син Андреј Зографски,

е дел од политичкиот живот во Бугарија, а со тоа има и тамошно државјанство. Истовремено, смета дека има напад врз неа од бугарска страна и платени структури во Македонија.

„Гледам во последно време организиран напад врз мене и од бугарска страна, но и од разни платени структури(чки) кај нас. Нормално, се удира по тој кој им е опасен.

Сега вака. Прво, немам намера да им одговарам. Нека се валкаат во калта во која се до гуша; Второ, нека не ми мешаат фамилија (возрасни луѓе со свој животен пат) бидејќи ако имаат среќа да ме сретнат во живо, ќе знам како да се справам со нив;

Трето и најважно, ако до сега нема некој доверба и почит кон се што правам за Македонија и за тоа плаќам висока цена (тужби, притисоци…) веднаш нека се исклучи од мои пријатели.

Со примитивни луѓе не вреди да се дискутира, ниту да им се објаснува. Моите дела, се мојот пат. МОЈОТ! На Солза Шопова Грчева“, напиша експратеничката и актуелна политичарка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде