Фејсбук пост на Zaneta Trajkoska
Ја гледав Јанкулоска на 360, одлично интервју, без оглед дали некој има нешто против зошто на Гордана Јанкулоска и се дало простор да каже што мисли за нејзините случаи и нашето секојдневие (јас не сум од тие).
Туку друго нешто е поразително за владеачката структура, министрите, пратениците и сите актуелни политичари и лидери на партии.
Јас немам одамна слушнато интервју од актуелни политичари кое е аналитично, базирано на знаење од нешто што прочитале, од претходна подготовка за интервјуто.
Се навикнавме на политички интервјуа базирани на популизам, флоскули, празни блебетања и партиски обвинувања, дерење, плукање…
Не, не велам дека не беше така кога ВМРО беше на власт, напротив – сите се сеќаваме на црвените кругови…
Но, после толку години и надеж за демократски раст и развој на политичката мисла, да дојдеш до заклучок по 102 пат, дека денешните политичари се празни и површни, дека се полни само со евтин популизам, обвинувања и заплашувања, без трошка конструктивност е повеќе од поразително.
За сите нас. Јанкулоска избриша под со сите вас како поранешен политичар и сегашно осудено лице кое се уште издржува казна затвор во Идризово.