Владата подготвува зголемување на акцизите на возилата. Според новите неофицијални информации кои ги доби Сител, новите правила предвидуваат раст на акцизите двојно.
Според планот на Владата, одлуката треба да биде донесена на следната владина седница идниот вторник,
а за ова владин тим веќе побарал од стопанските комори да испратат свои претставници на финални консултации во понеделник во Министерството за финансии.
Оваа одлука, како што биле информирани компаниите, доаѓа после сеопфатни дискусии за измена и дополнување на уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила.
Според подготвените табели се планира раст по основ на цената, но и на горивата кои ги користат возилата