Професорката Најчевска со предлог: Ајде да направиме тест на интелигенција на пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители

Старо-нова идеја протнува професорката Мирјана Најчевска, а која се однесува на функционерите, судиите, обвинителите.

По низата секојдневни скандали, таа ја доведува во прашање и нивната интелигенција.

„Ајде да направиме тест на интелигенција на пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители. Потоа ќе зборуваме за морал и интегритет.

Прво да најдеме луѓе кои имаат ментален капацитет да разберат што е тоа морал и интегритет“, напиша Најчевска.

И во минатото, имало предлози за тестирања на секој именуван или избран функционер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде