Ужасна вест вечерва ја потресе Македонија: Деветгодишно дете сексуално злоставувано од 81-годишник

Деветгодишно е девојчето кое било сексуално злоставувано во скопската населба Кисела Вода од страна на 81-годишен сосед, објави Обвинителството.

Од тука информираа дека девојчето се обратило до пензионерот за услуга како негов сосед. Тој потоа, ја повикал во својот дом во Кисела Вода и таму ја допирал по телото.

Обвинителството бара притвор, поради постоење на опасност од бегство и можност да се повтори делото.

МВР вчера објави дека 81-годишниот скопјанец е со иницијали И.П. и е приведен.

Тој во текот на денот бил изведен пред судија, кој му определил мерка куќен притвор во траење од еден месец.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде