Неделникот „Фокус“ во понеделник ќе го објави најновото истражување на јавното мислење на повеќе актуелни теми.
Во оваа анкета е добиено мислењето на граѓаните во врска со тоа како внатрешен судир во ВМРО-ДПМНЕ влијае на мислењето на граѓаните, кој е нивниот став за економските мерки на Владата, колкава е поддршката за ЕУ и за уставните измени.
Она што е интересно во ова мерење на јавното мислење, кое го привлекува вниманието на граѓаните и секако и на експертите, е како судирот меѓу Мицкоски и Груевски влијае на оценката на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
Анкетата покажува дека според перцепцијата на граѓаните во овој момент, големите поделби во ВМРО-ДПМНЕ ја ослабнале оваа партија и како резултат на тоа нејзиниот рејтинг постојано опаѓа.
После анкетата на ИРИ, ова е второ истражување кое покажува повисок рејтинг на Никола Груевски во однос на Христијан Мицкоски.