Сообраќајка се случи вчеравечер среде подвозникот кај Мавровка. На овој потег често се вози над пропишаната брзина.
Според првичните информации, се судриле автомобили марка „порше“ и „дачија“. Од силниот удар, кај „поршето“ се отвориле и воздушните заштитни перничиња.
Предниот дел на возилото е уништен. Вториот автомобил, од силината на ударот, застанал дури околу педесет метри подолу.
Засега нема информаици за повредени лица, ниту како дошло до несреќата. Се очекува МВР да излезе со детали.
Фото: Скопје1.мк