Сашо Тасевски со жестока реакција по поскапувањето: И ние ќутиме. Ова е држава на лопови, дилери и ку*ви!

Актерот Сашо Тасевски смета дека треба да има протести низ улиците на Македонија, а да излезат сите незадоволни во број колку што имаше маратонци на скопскиот маратон.

Потсетува дека само функционерите си ги покачуваат платите додека истовремено ги покачуваат цените на прехрамбените производи.

„На секое поскапување на храната они си ја покачуваат платата од 400 до 800 евра. Сладоледот бил штетен затоа го поскапеле. Тоа ни кажа црепон министер.

И ние ќутиме. Маратонци! Каде сте кај отидовте! Ајде ПАК на улица. Свртете едно триста круга околу влада со транспаренти: Ова е држава на лопови, дилери и ку*ви!

Да трчате маратон во знак на протест против лошата власт, а не од помодарство.

Да трчате за оние кои нема да можат да им купат сладолед на своите деца. Тоа е цивилизациски чин, шминкерчиќи.

Или ве врти колено! Или отечени ви се јајцата од трчањето?Од маратонот де!“, напиша Тасевски.

Платата на сите функционери несопирливо ќе расте со порастот на просечната плата, оти така е уредено со законот и веќе од јануари 2024 година тие како основица ќе ја имаат просечната исплатена плата по вработен за 2023 година, која се очекува да биде значително поголема од просечната бруто-плата за 2022 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде