Страотна сообраќајна несреќа, две лица тешко повредени

Вчера вечер во 22.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Баница, струмичко, 22-годишниот И.К. од село Баница,

управувајќи патничко волзило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда, извести МВР.

– По несреќата, И.К. го напуштил местото, а сопатникот К.Ѓ.(29) од Струмица бил пренесен во Медицински центар Струмица каде му биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти МВР.

По преземени мерки, во 23.50 часот возачот бил пронајден и пренесен во Медицински центар Струмица, каде што, исто така, му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде