Ужасна вест вечерва ја потресе Македонија: Таткото пријавил дека соседот извршил обљуба врз неговиот малолетен син

Малолетно момче во Скопје било сексуално злоставувано од страна на 78-годишен сосед, објави МВР.

„56-годишен скопјанец пријавил дека на 25 и на 30 септември врз неговиот малолетен син била извршена обљуба од нивниот сосед Д.П. (78)“, велат од полицијата.

Се додава дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сличен случај имаше и деновиве, кога 9-годишно девојче беше злоставувано од страна на 81-годишен маж. 

Од Обвинителството вчера објавија дека девојчето се обратило до пензионерот за услуга како негов сосед. Тој потоа, ја повикал во својот дом во Кисела Вода и таму ја допирал по телото.

За мажот се бара притвор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде