Малолетно момче во Скопје било сексуално злоставувано од страна на 78-годишен сосед, објави МВР.
„56-годишен скопјанец пријавил дека на 25 и на 30 септември врз неговиот малолетен син била извршена обљуба од нивниот сосед Д.П. (78)“, велат од полицијата.
Се додава дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Сличен случај имаше и деновиве, кога 9-годишно девојче беше злоставувано од страна на 81-годишен маж.
Од Обвинителството вчера објавија дека девојчето се обратило до пензионерот за услуга како негов сосед. Тој потоа, ја повикал во својот дом во Кисела Вода и таму ја допирал по телото.
За мажот се бара притвор.