Скопјанката Јованка Јакимоска Митревска (46) ги освои сите со својот глас кога се појави на сцената во „Никогаш не е доцна“.
„Никогаш не е доцна за ништо во животот, само доколку човек одлучи, патот се отвара. Бог им помага на сите“, истакна Јованка.
Таа е разведена, има една ќерка и како што самата вели, во последно време работи на себе и на своите мани.
Кога се појави на сцената Жика Јакшиќ веднаш сакаше да дознае што и значи Јованка Јо во нејзината биографија.
„Тоа е моја измислица, моето уметничко име“, му одговори натпреварувачката која со својот глас ги воодушеви сите во студиото.
Таа најпрво се претстави со македонската песна „Штом се сака“, а Тијана Дапчевиќ кога ја слушна изјави:
„Прекасно. Еве, почнав да плачам“.
Целиот текст ТУКА
Извор: Гламур.мк