Поранешниот директор на Кардиохирургија Сашко Јовев го турка во ќош неговиот наследник Марјан Шокаровски, па во еден момент му удара и шлаканица….
На ова претходи вербална расправија помеѓу Јовев и Шокаровски, а екс директорот се расправа и со медицинска сестра….Ова се гледа на видеата кои пристигнаа на официјалната електронска адреса на Канал 5, за инцидентот се случи пред околу три недели, кој беше пријавен во полиција.
Снимките кои стигнаа до редакцијата се појаснети со речениците „еве како доктор Јовев од Кардиохирургија беше физички нападнат, или всушност тој е напаѓачот, како и Јовев е насилник кој се изживува и физички напаѓа вработени, стои во коментарите на испратените видеа од адреса која нема име и презиме на испраќач, туку е именувана „incidentotnajovev“.
За тепачката пред петнаесетина дена информираше МВР во полицискиот билтен каде е наведено оти на 18 септември околу 10 утрото е пријавено од страна на Клиниката за кардиохирургија дека вработен во болницата вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал директорот, по што ја напуштил болницата и самиот се пријавил во полициска станица.
По инцидентот Јовев за дел од медиумите тврдеше дека отишол во полиција да пријави напад и мобинг врз него, кажувајќи дека завршил со оток на окото, бидејќи Шокаровски замавнал и несакајќи го удрил со лупите што ги носел во моментот.
Кавгата според пренесените тврдења на Јовев настанала бидејќи директорот не му дал дозвола да повика во амбуланта помлад колега за да му помогне.