Мицковски: Да објавиш анкета дека Ковачевски е најпопуларен политичар е стварно да дупиш цела земја у здрав мозок

Откако МКД.мк објави резултати од анкета, спроведена на нивно барање, со која ВМРО-ДПМНЕ има далеку повисок рејтинг од СДСМ,

А лидерот на опозицијата Мицкоски има четирипати повисок рејтинг од неговиот противник и актуелен премиер Димитар Ковачевски, Фокус најави нова анкета со која Ковачевски е најпопуларен политичар во земјава.

Аналитичарот Ивор Мицкоски, поранешен истакнат член на СДСМ, со коментар:

Се претера и со анкетите.
Да објавиш анкета дека Ковачевски е најпопуларен политичар, па уште дека тоа е заради резултатите од справувањето со економската и енергетската криза, кризи кои уште траат, кои го исџедија буџетот и го осиромашија народот е стварно да дупиш цела земја у здрав мозок.

Треба да се има малце осет и во нарачките и во испорачките.
И мали деца знаат каков пепел се и премиерот и партијата му.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде