Многумина ќе кажат дека денешните македонски народни приказни немаат врска со оние од некогаш.
Времињата се изменети, критериумите поинакви, но и од таквата новокомпонирана телевизиска претстава има млади актери кои се издвојуваат по својата уникатност.
Еден од нив е Владо Дојчиноски кој слободно може да се каже дека е меѓу најпрепознатливите од новата постава.
Тој одлично знае да одглуми од сиромав до цар, а бидејќи промените се дел од неговата професија и секојдневие, Владо се реши тоа да го примени и приватно.
Па така, на изненадување на своите следбеници и пријатели, Владо се трансформираше во друг човек.
Навикнати да го гледаме со долга коса, брада или како мустаклија, тој сега смени се’ од тоа. Сосема ја скрати косата, а брадата ја направи во поинаква форма од што сме навикнале да го гледаме.
– Добар ден! Абе јас сум, Владо. Ги чекам новите приказни на Сител 12:00, напиша актерот.