По масакрот што го изврши Коста Кецмановиќ во ОУ „Владислав Рибникар“ кога уби девет ученици и чуварот Драган Влаховиќ, на социјалните мрежи се појавуваат застрашувачки видеа.
Неодамна, на TikTok беше објавено видео од училница каде се прикажува реконструкција на кривичното дело.
Имено, на видеото се гледаат тинејџери како лежат на подот на клупи, пред таблата, обидувајќи се да го прикажат целиот ужас на масакрот.
Ова видео уште еднаш ја вознемири јавноста и многумина се прашуваат: „Што прават овие деца? Незамисливо е да си „играат“ со трагедијата што се случи на овој начин.
Многу корисници на социјалните мрежи кои го погледнале видеото ги повикуваат родителите и наставниот кадар во училиштата да реагираат. Нивната порака е дека децата треба да се едуцираат и да се поучуваат да не си играат со ваквите трагедии.
Imamo veliki problem u društvu… Ogroman. pic.twitter.com/gFIeT0z0VO
— Besna Sarma (@PanticStas81546) October 5, 2023
