Автомобил удри дете на велосипед, итно пренесено во болница

Вечерва, автомобил удри во малолетник на велосипед во населба Сењак во Штип, објави Мнет телевизија.

Момчето е пренесено на лекување во болница во Штип.

Екипа на СВР Штип е на терен и се врши увид. Сообраќајот се одвива отежнато.

Повеќе информации за овој случај се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Извор + фото: Мнет телевизија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде