Димитриевски отворено говореше за инцидент со Џафери: Тој тргна, јас го спречив

Градоначалникот и претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски гостувајќи во телевизија Вистел за прв пат откри дека имал инцидент со претседателот на Собранието Талат Џаферии.

„На првата посета негова во Црна Гора на официјалниот состанок со еден од црногорските министри тргна да зборува на албански јазик, при што од моја страна беше реагирано и го спречив тоа. Не му беше пријатно, но ја прифати мојата сугестија, и ми се извини“, изјави градоначалникот и претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

Тој додава дека нема против ниту еден Албанец, но додава дека сака секој политичар на маса да го има македонското знаме и пее македонската химна.

Се осврнува и на партијата ДУИ за кои рече дека тој не се бореч за да нивни роднини се вработуваат во судството, отвораат фирми за нивните 18 годишни деца.

„Многумина ме прашуваат дали исто би постапил доколку се вратиш назад, да со тие убедувања. Има една друга работа, сите тие луѓе кои влегоа внатре во Собрание, значи им се дозволи да влезат, не така лесно се влегува во Сорание и Влада.

Тука се државните служби кои треба да ја заштитат државата, зошто полицијата не реагираше.

Ги гледам тие луѓе кои ја отворија вратата се амнестирани и гласаа за одредени промени, што значи се е пазар“, изјави градоначалникот и претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде