Лоша вест од Изреал: 11-мина Македонски градежни работници требаше денес да се качат во авион за дома – но еве што се случило

Единаесетмина градежни работници од Македонија кои успеале да дојдат од израелската област Рамалах, заглавени се во Тел Авив, откако денешниот лет во 12.50 минути со компанијата „Туркиш ерлајнс“, за Истанбул, бил откажан. И картите што им ги купила фирмата се пропаднати, нови немаат.

Овие работници велат дека се оставени сами на себе. Но сега, односно во 19 часот по израелско време, покрај амбасадорот, кај едниот од 11-темина вработени се јавил лично и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Заглавените работници добиле уверување дека се правеле максимални напори овие и други наши државјани да полетаат од Тел Авив во петок. Амбасадорот ги уверувал дека се безбедни.

Летот би бил комерцијален, додека МНР, според изјавата за САКАМДАКАЖАМ.МК, прави напори да обезбеди чартер лет одовде и да ги собере сите граѓани во Израел кои досега се пријавиле за евакуација. Не е одреден денот за тој транспорт, само ни беше кажано дека ќе се случи наскоро.

Работниците се револтирани дека од денеска, како што велат за САКАМДАКАЖАМ.МК, и фирмата во која работат кренала раце од нив, со образложение дека е немоќна нешто да стори за да ги донесе дома.

Обезбедувањето на авиотранспорт, не само на овие наши државјани, туку и на уште стотина кои се пријавиле за итна евакуација од завојуваниот Израел, е оставено засега на нашиот амбасадор. Но, тој како наоѓа места по авиони кои летаат кон Балканот, така летовите се откажуваат.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде