„Отсечени глави на бебиња пред нивните родители, ова не е војна, ова е масакр“: вознемирувачки сведоштва од Израел

Во нападот на Хамас на Кфар Аз загинаа стотици луѓе, а шокантните сцени ги снимија новинарите од бројни светски медиуми, кои заедно со Израелците по масакрот влегоа таму.

„Војниците цел ден ги пребаруваа урнатините, извлекувајќи ги телата на цивилите кои беа убиени во масакрот. Се верува дека повеќето од убиствата се извршени во саботата наутро, во часовите по почетокот на нападот“, пишува Би-Би-Си.

На израелската армија, според написите, и беа потребни повеќе од 12 часа за да навлезе во оваа заедница, чии жители беа цел на Хамас.

Давид Бен Зион, заменик командант на 71-та единица, вели дека пронашле тела изгорени со молотови коктели.Бен Зион изјави за Би-Би-Си дека напаѓачите на Хамас кои убиваа семејства, вклучително и бебиња, биле „само машина за џихад што ги убива сите, луѓе без оружје, без ништо, нормални граѓани кои отишле да појадуваат“.

„Тешко е да се опише колку е ова ужасно, масовно убиството што се случи овде“, изјави новинарката на „i24“ во пренос од Кфар Аз.

„Бебиња со отсечени глави, изрешетани цели семејства, убиени во нивните кревети“, раскажува Никол пред камерата и додава дека вакво нешто никој никогаш не можел да замисли.

Ник Робертсон од Си-Ен-Ен вели дека многу жители на оваа заедница биле убиени.„Мажи, жени, деца, врзани, застрелани, обезглавени“, вели тој.„Тоа не е војна. Тоа не е бојно поле. Гледате бебиња, мајки и татковци во спалните соби, во училиштата и како терористите ги убиваат. Тоа не е војна. Тоа е масакр“, изјави за новинарите генералот Итаи Верув.

„Убиваа бебиња пред своите родители, а потоа ги убиваа нивните родители. Родителите беа убиени, а бебињата ги најдовме меѓу кучињата и семејствата убиени пред нив. На луѓето и бебињата им ги сечат главите“, рекол Верув и додал дека такво нешто во животот не видел.„Ова не е нешто што се случува во поновата историја“, вели тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде