Внукот на Душан Михалек од Нови Сад е пронајден мртов во Израел.
„Повеќе го нема (1999). Војската и социјалните служби дојдоа да ни кажат дека неговото тело е пронајдено. Нема повеќе надеж“, напиша Душан Михалек на својот Фејсбук.
Душан Михалек претходно објави дека неговиот внук исчезнал во близина на границата со Газа, а потрагата траела два дена.
Се верува дека тој бил киднапиран од членови на Хамас на музички фестивал во саботата.
Да потсетиме, израелската спасувачка организација ЗАКА, која се занимава со собирање и идентификација на телата на загинатите, синоќа соопшти дека во реонот на паркот во близина на Кибуц Реим, каде што имало забава, биле откриени 260 тела.
Таму се собраа околу 1.500 од 2.000 млади луѓе. Тие биле нападнати рано изутрината од вооружени членови на Хамас.
Тие отвориле оган врз учесниците на фестивалот, кои трчале на сите страни за да се спасат.
Инаку, Душан Михалек беше долгогодишен уредник на музичката програма на Радио Нови Сад, а сега најпознат српски туристички водич во Светата земја.