Водителката Дракче скршена од болка кога дозна за неговата смрт: Во шок и неверување сум…

Колегите се зборугаат од познатиот фолк-пејач

Познатиот македонски фолк-пејач Далибор Даки Ѓошиќ почина по кратко и тешко боледување на 41-годишна возраст.

Тажната вест ја објавија неговите колеги од ансамблот „Танец“ каде што Даки работеше како солист од 2007 година.

Тие преку нивната официјална Фејсбук страница изразија длабоко сочувство до неговиот малолетен син Стефан и до неговото семејство.

Далибор во својата кариера има соработувано со бројни музичари кои сега се збогуваат од него не верувајќи во тажната вест.

Од пејачот се збогуваше и водителката Драгица Стефковска Дракче која на својот профил на Фејсбук напиша:

„Во шок и неверување сум … Патувај во вечноста Далибор Даки Ѓошиќ, песните ќе останат вечен спомен“.

Познатата водителка сподели и неколку заеднички фотографии, а под нив многумина изразија сочувство.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде