Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи потврди дека се зголемува даночната стапка при увоз на возила.
Предлог-одулуката треба да биде разгледана на следната владина седница во вторник и со неа ќе бидат опфатени луксузните возила и оние кои испуштаат поголем процент на јаглероден диоксид во воздухот.
– Нема зголемување на даноците на возилата ако ја видите последната одлука што во вторник треба да биде на Влада. Зборуваме за даночење на луксузните возила.
Ќе има данок и за оние возила кои испуштаат поголем процент на јаглероден диоксид. Значи, не зборуваме за зголемување со кое ќе биде опфатена поголема категорија на граѓани, рече Битиќи.
Вицепремиерот потврди и дека на крајот на годината ќе има повторно прераспределба на буџетот за 2023, но како што рече, тоа не се прави за да се обезбедат пари за најавениот пакет антикризни мерки.